Павле Трајанов: Никола Саздовски е свирепо убиен, обвинителот и МВР да ги преземат сите мерки

554
Демократскиот сојуз инсистира, Јавниот обвинител, во соработка со МВР да ги преземе сите законски активности и мерки се со цел тие што неодамна го претепаа до смрт Никола Саздовски да понесат кривична одговорност.

„Се работи за убиство извршено на свиреп начин и обвинителството мора овој неразумен чин и така да го третира, а секој обид да се релативизира ова злосторство може да добие политичка и етничка димензија со тешки последици по јавниот ред и мир. Ги повикуваме сите државни институции, посебно јавното обвинителство и судот, да работат професионално, одговорно, транспарентно и ефикасно. Апелираме до сите граѓани и навивачки спортски асоцијации,  да останат присебни и воздржани, да  не се конфронтираат и да не ја „земаaт” правдата во свои раце. Само со почитување на законите и без политичко влијание врз МВР, ЈО и СУДОТ, сторителите на ова убиство ќе ја понесат заслужената казна – се вели во реакцијата на партијата на Павле Трајанов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...