Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни е повреден во сообраќајна несреќа на пат во Сардинија, Италија, објавија локалните медиуми. Тој возел мотор кога се судрил со автомобил.
Несреќата се случила во близина на одморалиштето Коста Коралина, објави локалниот телевизиски канал Tgr Rai Sardegna на Твитер.
Paura per Clooney ferito in un incidente, ma ha solo un ginocchio contuso – FOTO https://t.co/KEJYusvciU pic.twitter.com/cLMs8D8p4s
— La Nuova Sardegna (@lanuovasardegna) July 10, 2018
57-годишниот актер е однесен во блиската болница, објавија италијанските медиуми. Тој очигледно претрпел повреди на карлицата и се здобил со модринки, но неговите повреди не биле сериозни.
Веднаш пристигнала сопругата Амал и тие ја напуштиле болницата со приватен автомобил.
Клуни пристигна во Сардинија за да ја режира мини телевизиската серија Catch 22, врз основа на романот на американскиот автор Џозеф Хелер чие дејствие се случува за време на Втората светска војна.
ФОТО: Твитер