Кошаркарот Никола Јокиќ потпиша нов петгодишен договор со НБА лигашот Денвер Нагетс вреден 148 милиони долари и стана најплатениот српски спортист во историјата.
Јокиќ минатата сезона ја заврши со просек од 18,5 поени, 10,7 скока и 6,1 асистенција по натпревар, па Денвер одлучи да го награди и на него да ја гради иднината на клубот.
– Многу сум среќен што останувам во Денвер многу години, тоа е неверојатно чувство. Овој клуб веруваше во мене во 2014 година и сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката, изјави Јокиќ за клупскиот сајт на Денвер.