Цивил-Центар за слобода најостро го осудува секој вид на насилство, особено меѓу младите кои се жртви на политиките кои ги водат претставниците на народот. Ги повикуваме институциите совесно и чесно да ја исполнат својата должност и сторителите виновни за смртта на 21 годишното момче Никола Саздовски да бидат строго санкционирани според законот.
Упатуваме искрено сочувство до семејството и неговите најблиски роднини и пријатели. Апелираме до граѓанките и граѓаните револтот и болката да не ја изразуваат преку насилство.
Бараме од релевантните институции да преземат мерки на превенција од понатамошни инциденти или тепачки.
Бараме и од навивачките групи, особено до Комитите, чиј член беше и Саздовски да се воздржат од инциденти. Убијците на младото момче имаат име и презиме и тие треба да одговараат за стореното дело! Бараме политичките партии да не го користат овој трагичен настан за дневно-политички поени, бидејќи се работи за младо момче чиј живот прерано заврши!