Беса на Гаши си прави место на Илинденска

670

Можна е соработка со Беса во Собранието, но и влез во Владата е епилогот на попладневниот состанок на премиерот Зоран Заев и претседателот на скопското крило на Беса, Африм Гаши, на Илинденска.

Од Владата соопштија дека Заев и Гаши разговарале за реформските, економските и политичките текови, со најава дека разговорите ќе продолжат со цел обезбедување можна идна соработка.

„Заев го информираше претседателот на движењето Беса, Гаши за текот на преговорите во врска со проблемот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, потенцирајќи дека процесот се наоѓа во суштинска фаза и дека постојат разлики меѓу преговарачките страни, но дека постои оптимизам за изнаоѓање решение кое ќе ги заштити достоинството и идентитетот на граѓаните на двете држави“, стои во соопштението.

Од таму додаваат дека на состанокот било договорено разговорите меѓу премиерот Заев и лидерот на Беса, Гаши да продолжат заради обезбедување идна можна соработка на парламентарно ниво и на ниво на извршна власт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...