Спасовски од Лондон: Ја враќаме довербата кај партнерските служби

128

Во рамките на Самитот во Лондон што се одржува во рамки на Берлинскиот процес, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше свое обраќање во рамки на сесијата на која се дискутираше за споделување на информации и соработка помеѓу земјите, информира МВР.

Спасовски ја истакна важноста од меѓународната соработка и размената на навремени и точни информации како клучна активност која придонесува кон зголемена ефикасност во борбата против актуелните безбедносни закани и предизвици. Свесни за ова, институциите надлежни за спроведување на законот во Република Македонија спроведуваат мерки и активности со кои ќе ја олеснат и поедностават оваа комуникација и размената на информации ќе биде искористена во насока на справување со организираниот криминал, тероризмот, но и сите облици на загрозување на сигурноста и безбедноста на државите од регионот.

За министерството за внатрешни работи од особена важност е враќањето на довербата и сигурноста кај своите партнерски служби и гаранцијата дека добиените информации ќе бидат соодветно наменети.

Земјите учеснички ја потпишаа Заедничката декларација за начелата на размена на информациите од областа на спроведувањето на законот со која се утврдуваат начелата, содржината и целите за размена на специфичните информации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...