Во последниве десетина години разни министри и влади успешно го искористуваа за дневнополитички цели нашето „болно“ здравство. Граѓаните (пациентите
Решение (поточно лек) за нашето „болно“ здравство без трајни и одржливи проекти и закони и без пари не може да се најде.
Години наназад а и сега постојано се најавува нешто божем за подобро, но од тоа ни трага ни глас. Сметката за овие неодговорни политики се разбира на крај ја плаќаат пациентите (граѓаните).
Со законски промени за здравствената заштита и осигурување и заедно со стабилна политика на владата, може да се почне да се решава „болното“ прашање на здравството.
Недозавршените болнички установи во некои градови и незапочнатите ветени болници немо чекаат некој да донесе соодветни европски закони и да се поканат домашните и странски инвеститори за да учествуваат во изградбата на едно модерно, функционално и одржливо здравство. Инвеститорите со будно око набљудуваат и се надеваат да добијат сигурен сигнал од властите за да го инвестираат својот капитал. Само целосно издржаните проекти, како на пример, јавно приватно партнерство
и инвестирање во здравството може да го запрат потонувањето на здравствениот систем а потоа да се тргне малку напред кон воспоставување на континуитет во подобра здравствена заштита и подобар стандард на здрвствените работници.
Не смееме да заборавиме за медицинскиот персонал, лекарите, медицинските сестри и другите луѓе кои се грижат за здравјето на луѓето дека заслужуваат да им биде соодветно платен нивниот труд. Кога може да се трошат милиони евра за галии и други кич реквизити (постави ги, па премести ги на грбот од граѓаните) треба да се помисли и за здравјето на тие од кои безмилосно се црпат пари.
За жал, сѐ уште сме принудени само да се надеваме на подобро утре без ние самите да почнеме да го градиме!
(авторот е член на Извршен комитет на ГДУ)