Нопарат Кантавонг, 37- годишниот тренер на тајландскиот фудбалски клуб „Му-Па“ многумина го обвинуваат дека требало да знае за ризикот при влез во пештерата пред сезоната на монсуните.
Но, за многумина во Тајланд, Екапол кој пред три години го напуштил монашкиот живот и се придружил на „ Дивите свињи“, како помошен тренер, натприродна сила го испратила да ги заштити децата додека поминуваат низ оваа тешкотија.
Според официјалните информации, тој е меѓу најслабите во групата затоа што на момчињата им ја дели целата храна. Тој ги учел децата како да медитираат и да ја зачуваат својата енергија додека не ги пронајдат.
Екапол е сираче кој ги изгубил родителите на 10 години, велат неговите пријатели. После тоа сакал да биде монах, но го напуштил манастирот за да се грижи за својата болна баба.
извор: Нова Македонија