Кулоглу: Очекувам „да“ на референдумот, Договорот ќе помине и во Грција

Се надевам дека ќе има гласање „за“ во корист на Договорот зашто мислам дека е глупаво за двете земји кои немаат територијални претензии, недоразбирања и нерешени прашања да имаат тензични односи цели 27 години, рече грчкиот европратеник, левичарот Стелиос Кулоглуво интервју за Топ тема на телевизија Телма.

494

Грчкиот европратеник, левичарот Стелиос Кулоглу, очекува позитивен исход од претстојниот референдум за името во Македонија. Тој смета дека без сомнение Договорот ќе биде ратификуван и во Парламентот на Грција.

Според него, двете земји треба конечно да го надминат ова прашање.

– Мора да го решиме прашањето, да гледаме во иднината, а не во минатото. Се надевам дека ќе има јасно мнозинство и од ваша страна за да се затвори ова прашање. На граѓаните е да одлучат. Се надевам дека ќе има гласање „за“ во корист на Договорот зашто мислам дека е глупаво за двете земји кои немаат територијални претензии, недоразбирања и нерешени прашања да имаат тензични односи цели 27 години – рече Кулоглу во интервју за Топ тема на телевизија Телма.

Договорот за името, оцени пратеникот, е фер за двете страни и никој не е понижен. Националистите, пак, од двете земји што велат дека Договорот е предавство, всушност покажува дека Договорот е добар.

– Договорот не е ниту уцена, ниту понижување. Грција можеше да продолжи со постојната ситуација без проблем, но имаше волја да го реши пробелмот. Тоа е и суштината на Договорот. Грција со Договорот не сакаше на ниту еден начин да ја понижи другата страна. Ако која било од страните од Договорот е понижена, Договорот нема долго да опстане – напомена Кулоглу.

Во врска со ратификацијата на Договорот од грчка страна, тој очекува реакции од, како што вели, некои националисти во Грција, од екстремната десница и од опозициските партии.

– Имаме опозиција, да, но Договор0т ќе помине во Парламентот, нема сомнение во тоа, – дециден е Кулоглу.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...