Скопјанка измамена и ограбена од гатачка која „отстранува“ лошо

509

Жена од Скопје со намера да си ја дознае судбината и да го отстрани „лошото“, била измамена од гатачка. Јасновидка и кажала дека и е направено нешто лошо и и го земала златото, за наводно да го однесе во црква.

Како што соопшти МВР вчера В.С.(29) пријавила дека истиот ден во 12:40 часот била измамена од страна на непознато женско лице. Откако лицето дошло во нејзиниот двор со намера да и продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да и зборува во врска со животот на В.С. дека некој и направил лоши работи и доколку сака истата може да ги отстрани. Откако пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа и рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе и го врати. Непознатата жена го земала накитот и го напуштила местото на настанот и не се вратила.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...