Катругалос: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент

270

Aлтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкото радио „Њуз247“ изрази убеденост дека Договорот од Преспа без проблем ќе помине во грчкиот Парламент.

Тој притоа кажа дека се надева оти Каменос нема да биде причина владата да го заврши мандатот порано од предвиденото, односно пред септември 2019.

– Договорот како и да е ќе помине во парламентот. Ќе постои поголемо мнозинство од ова што во овој момент го имаме како влада и сакам да се надевам дека министерот за национална одбрана ќе го задржи она што го изјави, дека владата има рок на траење септември 2019, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Катругалос во интервјуто се повика на изјавата на портпаролот на владата Ѕанакопулос дека грчкиот Устав не предвидува зголемено мнозинство за конкретното прашање, како што бара Каменос, но рече дека кога ќе дојде време ќе се разгледа барањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...