Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска потпиша указ за отстранување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеши по решение на Уставниот суд од мај.
– Одлуките на Уставниот суд треба да бидат почитувани во држава, која го почитува владеењето на правото. Претседателот издаде указ за отстранување на главниот обвинител од функцијата – изјави портпаролката на претседателот Мадалина Доброволски.
Министерот за правда, Тудорел Тодер, побара отстранување на Ковеши во февруари, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.