ДИК во ќорсокак, Димовски чека меѓупартиски договор за да свика седница

399

Претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврди дека нема да ја закаже комисијата додека партиите не дадат сигнал дека е постигнат договор за комплетирање на ДИК.

-Нема да закажам комисија за избор на членови ДИК додека партиите не се усогласат и не дадат зелено светло. Така само ќе пропадне процесот и ќе се вратиме назад – вели Димовски.

Од најголемата опозициска партија порачаа дека пред да се избере новиот состав на ДИК треба да бидат донесени законите за финансирање на политичките партии и за влада, односно да се уреди дали техничката влада која беше договорена во Пржино ќе биде модел за секои наредни парламентарни избори.

Пролонгирањето на изборот на ДИК ќе го доведе во прашање одржувањето на референдумот, кој според последните најави планирано е да се одржи во последната недела од септември или првата од октомври.

На огласот за членови на ДИК се пријавија 41 кандидат. 17 јули е крајниот рок кога Собранието треба да го избере ова тело кое ќе има шестмесечен мандат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...