Најмалку 14 лица се затруени денеска при истекување хемикалија на аеродромот во главниот град на Полска, Варшава.
Како што соопшти прес-службата на варшавскиот аеродром, сите затруени лица се дел од аеродромскиот персонал, кои веднаш се пренесени в болница, каде што се наоѓаат под лекарски надзор.
Затруените вработени на аеродромот почнале да се жалат на мачнини и главоболки, откако од едно буре на главниот карго треминал почнала да истекува токсична супстанца,
Споре првичните резултати од истргата, станува збор за супстанцата фенилацетонитрил, која била складирана во 36 буриња.
Инцидентот не ја загрозил безбедноста на патниците на аеродромот и предизвикал застој во авионскиот сообраќај.