ГДУ: Додека не се договорите за договореното, ништо не е договорено

360

Премногу се симптоматични последните барања испорачани од опозицискиот лидер, со кои го условува изборот на нов состав на ДИК, смета Димо Петкоски, секретар на ГДУ.

– Зошто на Мицкоски сега му текна да бара прво да се донесат законите за финансирање на политичките партии и за влада, па потоа да се решава составот на највисокото изборно тело?
Со ваквите услови доведено е во прашање одржувањето на референдумот. Последиците од евентуално неорганизирање нареферендум ќе бидат големи.
Без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, власта не може сама да изгласа нов состав на ДИК.
Затоа дали граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум,сега зависи од ДПМНЕ – вели Петкоски.

Според него проблематичен е процесот на изборот на членови, бидејќи таму не треба да има партиски кадри, туку независни професионалци. Зошто слушнавме и во судница од прислушуваните разговори како се гласало во ДИК и како се носеле одлуки под силни политички влијанија.

– Но ако веќе се договорија Мицкоски и Заев за вакво изнудено решение покрај сите укажувања и ако главна задача на овој шестмесечен состав ќе биде организирање на референдумот, тогаш не смее да има одолговлекување и опструкции. А оние кои се токмат за членови, мора да бидат подготвени за максимална професионалност и транспарентност и покрај тоа што доаѓаат на предлог од партиите. Никој не смее да им го ускрати правото на граѓаните да го кажат своето мислење за Договорот со Грција и за интеграцијата на својата земја – дециден е Петкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...