Во Могила се врши увид на штетата по невремето

151

Комисија на општина Могила утрово на терен врши увид и проценка на предизвиканата штета врз земјоделските култури по вчерашното невреме и градот што падна вчера во неколку села на подрачјето на таа општина.

Од општина Могила информираат дека со вчерашното невреме најзафатени и најоштетени биле земјоделските површини во атарот на селата Долно Српци, Вашарејца, Беранци и Ивањевци.

– Општинската комисија е формирана и е на терен. Според информациите штети се предизвикани врз сите земјоделски култури, а најмногу врз тутунот. Но, увид ќе биде извршен насекаде и ќе постапуваме согласно закон и нашите надлежности – соопшти Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...