Почна операцијата на спасување на тајландските деца од пештерата

1346

Почна операцијата на спасување на 12 тајландски момчиња и нивниот тренер кои се заробени повеќе од две недели во пештера во Тајланд, објави гувернерот на покраината.

Спасувачите очекуваат дека операцијата, која почнала во 5 часот утрово по средноевропско време, да заврши најрано за 11 часа, но можно е да трае и до наредниот ден.

– Потврдувам дека сме спремни за денешната операција – изјави пред почетокот на операцијата Наронгсак Осотанакор, гувернер на покраината Чианг Раи, кој ја предводи операцијата на спасување.

– Времето е добро. Нивото на водата е прифатливо. Нуркачите се спремни. Децата се телесно, емоционално и ментално спремни за излегување – додал тој.

– Секое дете од пештерата ќе го извлекуваат двајца нуркачи, едно по едно – рекол Наронгсак.

Во спасувачката операција вклучени се вкупно 18 нуркачи, од кои 13 се странци, а пет Тајландци. Делови од пештерата и натаму се под вода па за минување низ некои премини ќе мора да се користи нуркачка опрема.

Нивото на водата во пештерата се намалило благодарение на испумпувањето на водата, па така делови од четири километри долгиот пат ќе може да се поминат со одење.

Групата момчиња на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25- годишен тренер заробени се во пештерата од 23 јуни, кога силните дождови го затвориле патот за излез од пештерата.

Австралиски лекари ги прегледале децата и оцениле дека се способни да учествуваат во операцијата на спасување, невел Наронгсак.

На нуркачите кои изминативе денови го минувале патот до пештерата им требале шест часа за да поминат, а еден италијански нуркач го изгуби животот додека носел боци со кислород .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...