Во Струга уапсени шестмина, еден избегал

Пред постапувањето на полициските служебници, како што е наведено, пред затворот во Струга биле забележани две непознати лица со патничко моторно возило „форд фиеста“ со албански регистарски таблици и при обидот да бидат легитимирани, не поседувале документи за идентификација. Во возилото била пронајдена марихуана и лицата биле приведени.

984

Шест лица се уапсени, а едно е во бегство при денешната полициска акција во Струга и Струшко за сузбивање криминална група која се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје. Неофицијално, лицето кое избегало е полициски инспектор.

МВР соопшти дека карактеристично за групата е тоа што членовите се лица кои веќе се осудени и издржувале казна затвор во Казнено поправниот дом од отворен вид Струга

„При преземените мерки и активности лишени се од слобода лицата М.К., Р.И., Г.Р., Б.Х., Д.Б. и А.Р, а А.Р. е во бегство. Дополнително лишено е од слобода и лицето Р.К. кое се бара по распишана потерница за издржување казна затвор од 13 години за ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во истрагата е утврдено дека на криминалната група и помагал и инспектор во Полициската станица Струга и против него ќе бидат преземени соодветни мерки“, информира Мнистерството за внатрешни работи.

Пред постапувањето на полициските служебници, како што е наведено, пред затворот во Струга биле забележани две непознати лица со патничко моторно возило „форд фиеста“ со албански регистарски таблици и при обидот да бидат легитимирани, не поседувале документи за идентификација. Во возилото била пронајдена марихуана и лицата биле приведени.

Во рамките на акцијата, според информацијата, извршени биле претреси на повеќе локации, како и во КПД Струга.

„При претресите во четири објекти во селото Велешта кај лицата А.Р., К.М., И.Р и Г. Р. пронајдени се четири пиштоли со соодветни рамки, сите исполнети со куршуми. Претрес е извршен и во домовите на Д.Б. во село Ливада, Б.Х. во село Радолишта и во стан во центарот на Струга каде престојува лицето К.М., при што кај дел лицата се пронајдени парични средства од околу шест илјади евра, како и други материјални докази за сторени кривични дела. Претсетес е извршен и во службените простории во затворот и во собите каде лицата А.Р. и К.М. издржуваат казна затвор, при што е пронајдена и одземена документација“, соопшти МВР.

МВР, како што е наведено, ќе продолжи со активностите за обезбедување материјални докази за други лица поради постоење на основи за сомнение дека се сторители на кривични дела, злоупотреба на службена положба и по целосно документирање на случајот ќе биде известено надлежното јавно обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...