Англија ја совлада Шведска со 2:0 и се пласираше во полуфиналето од Светското првенство во Русија.
Првиот гол Англичаните го постигнаа од првиот корнер во 30. минута. Корнерот го изведе Јанг, а Мегвајар погоди со глава.
Во 59. минута, тие постигнаа уште еден гол со глава за конечни 2:0. Овој пат шведската мрежа ја затресе Деле Али.
Последното полуфинале кое го одиграле Англичаните е во 1990 година. Тие можат да се пофалат само со една светска титула од далечната 1966 година.
ФОТО: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA