Рено покажува брзина на предсезонските тестови во Формула 1

134

Пилотот на Рено, Нико Хулкенберг беше најбрз во првиот дел од четвртиот тест ден од предсезонските подготовки во Формула 1 за 2018 година.

Германецот забележа најдобра обиколка со 1.22.507 минути, и беше за 0.282 секунди побрз од Валтери Ботас од тимот на шампионите Мерцедес.

Маркус Ериксон за тимот на Заубер беше трет со најмногу направени обиколки од сите на патеката „Каталонија“ – 69. Пјер Гасли од Торо Росо е четврти, а првите пет ги додаде младата ѕвезда на Ред Бул, Макс Верстапен кој, како и вчера, не се задржа долго на патеката и направи само 18 круга.

Белгиската надеж на Мекларен, Стофел Вандоорн работеше на различна програма и најбрзата обиколка беше доволна за шестото место.

Ѕвездата на Ферари, Себастијан Фетел исто не направи брза обиколка, иако забележа 37 круга. Неговото заостанување беше речиси десет секунди од лидерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...