Реал нуди 155 милиони евра за Србинот во Лацио

332
ФОТО: EPA/YOAN VALAT

Шпанскиот гигант Реал Мадрид направил понуда во вредност од 155 милиони евра до Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди „Кориере дело Спорт“.

Според италијанското издание, агентот на Милинковиќ-Савиќ – поранешниот напаѓач Матеја Кежман, се сретнал со претседателот на „орлите“ Клаудио Лотито и лично му ја доставил понудата.

Дваесет и три-годишниот играч одигра силна сезона со Лацио во Серија „А“, истакнувајќи 12 гола во 35 средби.

Популарниот „СМС“ настапи и со репрезентацијата на Србија на Мундијалот во Русија, но не покажа ништо значајно, а нашиот северен сосед испадна уште во групната фаза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...