Спасовски: Нема амнестии, ќе си одговараат ВИДЕО

Го повикувам претседателот Иванов да го потпише законот за ратификација на меѓународниот договор и да ѝ помогне на Република Македонија да исчекори напред и да помогне, покаже и докаже дека е за иднина на оваа држава и за иднина наредните генерации, порача министерот.

587

Не се боревме за да се амнестира криминалот направен од некој. Сакаме правда за сите и секој што се огрешил да одговара за стореното во транспаретни постапки. Никој нека не се надева на амнестија, туку да се соочи со правдата за она што го направил и тоа е европска вредност и правда мора да има за сите.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи и потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски при денешната посета на Гостивар, каде оствари средба со граѓаните и се осврна на политиките на неговата партија во моментите кои ги нарече историски.

Спасовски смета дека овој период е многу важен за Република Македонија да исчекори напред за стане дел од НАТО и ЕУ како партнер и сојузник.

– По многу години тапкање во место, граѓаните ја имаат историската шанса да ѝ помогнат на Македонија, себе си и на своите деца. Со тоа Република Македонија ќе има економски просперитет, ќе стане членка на ЕУ и НАТО и ќе споделува исти вредности со граѓаните на ЕУ. Овие процеси никој не треба да ги попречува за да се остварат националите интереси-членството во НАТО и ЕУ – рече Спасовски.

Од тој аспект, како што рече, смета дека политичарите на највискоите позиции имаат најголема одговорност.

– Затоа го повикувам претседателот Иванов да го потпише законот за ратификација на меѓународниот договор и да ѝ помогне на Република Македонија да исчекори напред и да помогне, покаже и докаже дека е за иднина на оваа држава и за иднина наредните генерации – изјави Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...