Македонија и Катар ќе соработуваат на внатрешната безбедност

135

Mинистeрот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Државата Катар во Македонија Хасан Бин Абдула Заид Ал Махмуд.

Како што соопшти МВР, на средбата Спасовски ја посочи важноста во наредниот период посебно внимание да се посвети на правната основа за соработка во областа на внатрешната безбедност помеѓу двете земји.

„На тој начин би постоела правна рамка со која би биле уредени заедничката борба против организираниот криминал, борбата против тероризмот, недозволената трговија со оружје и други области кои ја засегаат безбедноста на двете земји. Исто така на средбата стана збор и за одличните пријателски односи помеѓу двете земји кои во иднина би требало дополнително да се развиваат во сите сфери на општественото живеење“ наведуваат од МВР.

Министерот Спасовски, се додава, на крајот од средбата добил и покана за официјална посета на Државата Катар, при која би се оствариле средби со неговиот катарски колега и со премиерот на Државата Катар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...