Според првичните информации, кај починатиот поп-пејач Влатко Илиевски не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
Дежурен јавен обвинител од ОЈО работи на расветлување на причините за смртта на 33-годишниот Илиевски.
Како што претходно објави МВР, неговото безживотно тело било пронајдено синоќа во 23 часот во автомобил „тојота“ на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје.
Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење.
– Возилото е запечатено и, исто така, е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта – наведува ОЈО во соопштението.
Прочитајте повеќе:
Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов
Последната објава на Влатко Илиевски на Фејсбук
Познатите се збогуваат со Влатко Илиевски
Познато кога и каде ќе биде погребан Влатко Илиевски
Фејсбук го затвори профилот: Сеќавајте се на Влатко Илиевски
Причините за смртта на Влатко Илиевски ќе бидат познати следната недела