Пејачот Влатко Илиевски е пронајден мртов во неговиот автомобил „тојота“ синоќа околу 23 часот на улицата Трета македонска бригада во Скопје.
Увид на лице место извршил јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а телото е дадено на обдукција.
Од МВР засега нема информации за причините за смртта на Илиевски. сст/10:55
Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година. Од 2000 до 2007 година беше дел од групата „Морал“, а во 2007-та ја започна неговата соло кариера. Во 2011 со песната „Русинка“ ја претставуваше Македонија на Евровизија во Дизелдорф, Германија.
Меѓу неговите најпознати песни се: „Најбогат на свет“, „Со други зборови“, „Пак на старо“, „И премногу добро“…
Прочитајте повеќе:
Нема траги на насилство на телото на Влатко Илиевски
Последната објава на Влатко Илиевски на Фејсбук
Познатите се збогуваат со Влатко Илиевски
Познато кога и каде ќе биде погребан Влатко Илиевски
Официјалниот сајт на Евровизија: По Тоше, Македонија загуби уште еден млад претставник
Фејсбук го затвори профилот: Сеќавајте се на Влатко Илиевски
Причините за смртта на Влатко Илиевски ќе бидат познати следната недела