Карпош ветува неселективна поддршка за спортот

259

Општина Карпош и здружението на граѓани Центар за едукација и менаџмент во спортот (ЦЕМС) склучија Меморандум за соработка, во областа на промоција на спортот во општината како и едукација на младите спортисти.

Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека локалната самоуправа е посветена на враќање на спортскиот дух во Карпош и идентификација на младите таленти.

– Постои вистински ентузијазам за системски пристап кон спортот на локално ниво.  Поддршката од општината ќе биде неселективна и правилно распределена за сите клубови, поединци и училишта. Карпош има активни училишни лиги во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет кои претставуваат одлична основа за нови проекти и надградба на талентот на учениците – рече Богоев.

Претседателот на ЦЕМС, пак, Бојан Захариев изрази задоволство и посочи дека Карпош е цела општина во Скопје со која потпишале меморандум. Целта, како што рече тој, е преку оваа соработка е да се зголеми интересот и масовноста на училишниот спорт и да им се даде патоказ на младите за нивен вистински напредок и развој.

Меморандумот предвидува активности за подобрување на дел од спортската инфраструктура во општината, стручна едукација за учениците и спортските работници, како и вмрежување со други институции и организации кои работат на подобрување на состојбите во спортот.

Инаку како што посочуваат од општината, Карпош веќе е во подготвителна фаза за изградба на еден реонски базен, како и формирање на нова, современа фитнес зона во Карпош 4. Станува збор за инфраструктурни објекти кои ќе може да ги користат и учениците од основните училишта, а рекреативно и сите граѓани на Карпош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...