Белгија вечерва го победи Бразил со 2:1 и се пласираше во полуфиналето од Светското првенство во фудбал што се одржува во Русија.
Головите за Белгија ги дадоа Фернандињо во 13. и Кевин де Бруин во 31. минута. Голот за Бразил во 76. минута го даде Ренато Аугусто.
Судијата досуди пенал за Бразил, но откако се консултираше со командниот центар, ја повлече одлуката.
Утре на распоред се четвртфиналните натпревари меѓу Шведска и Англија и меѓу Русија и Хрватска.