ВИЦЕВИ За добро расположение за деновите на викендот

1210

Папагалот и цревото

Еден мнооогу висок човек си купил папагал. Папагалот, се разбира, можел да зборува. И кога видел дека стопанот му е толку висок, почнал да го зафркава:

– Еј, црево! Црево! Наведни се бе, сите пајажини ги собра бе, црево! Да те е*ам и арматарута!

На човекот еден ден му пукнал филмот, му згазнал папагалот на достоинството. Се налутил, го фатил папагалот, го ставил во една кутија за чевли и почнал да го шутира низ станот! Искршил огледала, мебел, пердуви на сите страни… Конечно, се уморил од шутирање на кутијата и се оптегнал на фотелјата задоволно да одмори.

Папагалот ја подал главата од кутијата и рекол:

– Леле каков земјотрес имаше! Само јас и цревото опстанавме!

Кама сутра

– Сине, ај дојди тука!
– Да, тато.
– Ти книгата „Кама Сутра“ ја фаќаше ли?
– Да.
– А црташе ли нешто внатре?
– Цртав.
– Ајде сега оди и расплети ја мајка ти.

Секс

– Од кога си немал секс?
– Што ден е денеска?
– Недела.
– Од јануари…

Мујо и Фата

Заминал Мујо во војска, а Фата останала дома. После еден месец, Фата му праќа 100 евра. Вториот месец му праќа 200 евра. Се посомневал Мујо во Фата, зел отсуство и ете го дома. Кога таму, лежат Фата и некој човек, двајцата голи во кревет.

Се развикал Мујо:
– Кој ми прати 100 евра?
– Па тој…
– А кој ми прати 200 евра?
– Тој…
– Па ти нормална ли си?! Брзо покриј го човекот, ќе настине вака.

Кумановци во Франција

Маж и жена, Кумановци, во Франција на летување. Се скриле во некоја грмушка и се сексаат. Одеднаш доаѓа полицаец. Ги гледа и збунето прашува:

– Вие… туристе?
– Ама турисмо го, ама извадихме го, к’т те видехме!

Магаре

Разговараат двајца другари:

– Види брат, тебе само уште поголеми уши ти требаат, па да бидеш магаре.
– Магарето нема големи уши!
– Тогаш ништо, не ти требаат големи уши.

Ербап Македонец

Тргнале двајца Македонци на патување со брод, се случил бродолом, двајцата преживеале и се нашле на пуст остров полн со злато, меѓу пријателски настроени домородци. Им се ококориле очите на Македонците и одлучиле да се обидат да тргуваат со домаќините. Седнале на разговор со поглавицата, а поумниот Македонец отворил муабет:

– Поглавицо, што велиш да ти дадеме кило брашно од Македонија, а ти нам да ни дадеш кило злато? – предложил ербапов.

– Замба! – одговорил поглавицата, видно расположен.

– Леле, брат, што ти реков? Има да се растуриме злато земање – му вели ербап Македонецот на пријателот.

– Поглавицо – продолжил трговецов – што велиш да ти дадеме 100 кила брашно за 100 кила злато?

– Замба!

– А 1.000 кила брашно за 1.000 кила злато?

– Замба, замба!

– Леле, брат, завршивме работа. Туку, од возбуда ми пукна бабулево, чекај да се измочам кај палмана и веднаш се враќам, да ги прецизираме деталите – му рекол ербап Македонецот на пријателот.

Моча така Македонецот, а едно домородче љубопитно го гледа.

– Мрш бе таму, што гледаш?

– Леле чичо колкава ти е замбата…

Интервју за работа

– Остана уште за платата да се договориме.
– Да, колкава ќе ми биде платата?
– Сега 500, а подоцна 1.000 евра.
– Добро, ќе дојдам подоцна.

Голф чорапи

– Жено, дај ми ги оние голф чорапине!
– Кои ти се тие голф чорапи, бе?
– А мори оние со девет дупки.

Несоница

Разговараат двајца пријатели што патат од несоница.

– А бе пријателе, како заспиваш ти?
– Многу тешко. Бројам до три.
– Е па добар си бе… Јас никако не можам да заспијам.
– А бе не е баш лесно. Некогаш бројам и до три ипол сабајле.

Како да се ослободиш од жена ти…

Еден човек наумил да се отараси од жена си, ама не знаел како. Во доверба, го прашува пријателот за совет.

– Види, купи ѝ фиќо, таа не знае добро да вози, ќе се акне негде и решен проблем.

Ѝ купил фиќо. Се акнала жената.

– И? – прашува пријателот.

– И ништо. Фиќото тоталка, жена ми ни гребнатинка.

– Добро, тогаш купи ѝ мерцедес. Ќе се слупа со двеста на саат и мора да загине.

Ѝ купил мерцедес. Се слупала жената.

– И?

– Ама ништо, бре. Мерцедесот не можеш да го познаеш, а таа ни гребнатинка.

– Ау, тежок случај. Туку, купи ѝ јагуар, тоа мора да успее.

Ѝ купил јагуар. После некое време, трча човекот кај пријателот:

– Готово, завршивме работа. Жена ми ја нема веќе.

– Честито, пријателе. А со јагуарот што стана?

– Ништо, добар е. Ене го, го врзав зад куќа.

Пијана работа

Вози човек пијан и го запира полицаец.

– Господине, смрдите на алкохол.

– Па пијан сум, не гледаш ли?

– Гледам… А зошто, ако сте пијан, не сте ѝ дале на жена ви да ја вози колата?

– А бе јас сум пијан, ама не сум луд.

(Првите три вица се преземени од ФБ профилот на Јово Манасиевски. Насловна фотомонтажа: Сеир)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...