Јункер: Местото на Западен Балкан е во ЕУ

125

Местото на Западниот Балкан е во ЕУ, но сега ниту една од државите не ги исполнува сите критериуми за прием, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер по завршувањето на неговата балканска турнеја и средбата со лидерите на 6-те земји од регионот во Софија, на кој присуствуваа и комесарите Хан и Могерини.

„Приемот не е сон, туку реалност, но мора да се вложи во критериумите за прием, а не во датумите. Кога го презедов претседателството до 2019-та кажав дека нема да има проширување што ќе предизвика разочарување, но да појаснам дека можен е прием на нови членки во 2025-та. Потребно е исполнување на сите критеруими. Сега ниту една држава не ги исполнува сите критериуми, но направен е напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Сите од Западен Балкан  мора да стават крај на сите билатерални и територијални конфликти пред да се вклучат во ЕУ“, изјави претседателот на ЕК, Јункер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...