Откако ќе поминете малку повеќе од 10-15 дена на некој од хрватските убави острови, особено ако истовремено одмарате но и работите, наеднаш почнувате освен убавините кои секојдневно ги впивате, да ги воочувате и сите проблеми со кои се соочуваат островјаните, оние кои живеат тука преку цела година.
Додека ги гледав мајките кои „дефилираа“ со своите бебиња по пристаништето, наеднаш се сетив дека островите немаат болници…Каде се породуваат жените од хрватските острови?
Се запознав со две мајки, едната од Вис, а другата од Хвар и еве што дознав од нив.
Меѓу дилемите пред кои се наоѓаат трудниците кои живеат на островите на кои нема родилишта, воочи породувањето, е и онаа – кога да се оди на копно за да се биде близу болницата. Конкретно, жителките на островите Вис и Хвар, се породуваат во сплитската болница. Обично одат таму неколку дена пред истекувањето на терминот за породување или тогаш кога ќе им препорача гинекологот.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.