Тој рече дека Македонија дава приоритет на Коридорот 8 и ги користи средствата на Европската банка за делницата од Крива Паланка до бугарската граница.
За преговорите за името, Заев рече дека тоа трае веќе 25 години.
– Тоа не е лесно прашање, ако беше лесно, досега некој ќе го решел. Верувам дека сега имаме голема шанса за решавање на ова прашање. Позитивниот став на премиерот Ципрас, како и на лидерите на опозицијата и на останатите политички играчи, покажуваат дека имаат желба да се реши ова прашање. Тоа ми дава причина да верувам дека ќе дојдеме до решение. Јас сум убеден дека за доброто на граѓаните и на Грција и на Македонија ова прашање треба да се реши. Јас очекувам тоа да се случи пред самитот на ЕУ во јуни, кога очекуваме да добиеме датум за почеток на преговори и очекувам дотогаш проблемот да биде решен. Тоа не значи дека не може да го решиме и во март – колку порано, толку подобро – истакна Заев.