Штипската болница бара 26 лекари и 74 лица како медицински персонал

414

Штипската Клиничка болница неколку години наназад има недостиг на кадар. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, вели дека веќе доставил барање до Министерството за здравство за вработување на 100 лекари, медицински сестри, болничари, технички и медицински кадар.

– На сите одделенија во болницата недостасуваат медицински сестри и болничари, побаравме од Министерството вработување на 26 лекари, а додека останатите до 100 се медицински сестри, болничари и друг технички кадар – вели Ѓеорѓијев.

Последен оглас за вработување во болницата имаше лани, кога беше распишан за вработување на две медицински сестри. Во моментов со договор на дело работат околу 60 лица. Инаку штипската Клиничка болница дава здравствени услуги на потенцијални околу 200.000 пациенти од источниот и југоисточниот регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...