Словенечката компанија за издувни гасови „Акраповиќ“, поради недостиг на заварувачи, ги стимулира вработените со 250 евра да препорачуваат или да донесат нови потенцијални работници.
На овој начин, во релативно краток временски период, се отворени 80 нови работни места. Дел од работниците доаѓаат од стручните училишта на земјите од регионот.
– Во училиштето за заварувачи се едуцираат до одреден степен, а потоа учениците доаѓаат кај нас на практична обука. Ако се докажат, ги ангажираме – изјави генералниот директор на „Акраповиќ“, Урош Роса.
Досега, на тој начин се вработени 35 работници од Босна и Херцеговина, а слични системи се достапни и за хрватските работници, од кои 20 се неодамна вработени.
На новодојдените работници им се помага да најдат сместување, работодавачите го плаќаат курсот за словенечки јазик, а тие, пак, учат хрватски и српски јазик.