Црешово име, црешово топче, црешово гропче!

Ако е груевизмот највисок стадиум на вмровизмот и ако е вмровизмот најсуштествена форма на антимакедонизмот, тогаш името е светиот грал на нивната злосторничка мисија, последното нешто што би го дале, зашто, ако го дадат името, ќе се дадат себеси. Гледано од наша страна, името е последното упориште на внатрешниот непријател на Македонија, утврда пред разумот, нормалноста и модерноста. Против постоењето на државата. Тоа значи дека битката не е за името, туку за Македонија. Битката не е политичка, таа е битка меѓу лудоста и нормалноста, меѓу пристојноста и некултурата, меѓу животот и смртта!

1547

Уставното име е новото црешово топче со кое ВМРО-ДПМНЕ сака да го крене македонскиот народ на ново востание против здравиот разум. Предизвикот би можеле да го викаме „црешовото име“. Разликата со Крушево од пред сто и петнаесет години е во тоа што Републиката нема да исчезне во налетот на башибозукот и регуларната армија на освојувачите, туку пред безмилосните критериуми на новото време. Со мала помош на домашната глупост.

Никола, не Карев, туку Груевски, ќе се повлече со четата во некоја шума, на отстрел во некое блиско време, Мицко нема зошто да бега, доволно ќе биде да остане здрвен како канделабра, форма во која сигурно ќе го заебе непријателот, Дарко Митревски ќе избега во Моника, која во меѓувреме го сменила името и станала Санта, Солза Грчева ќе падне од гајбата и ќе наебе, Биљана Ванковска ќе се препне од некој мечкин камен во Паркот на жената и никогаш нема да може да се врати на својот факултет…
Но, тоа ќе бидат ситни жртви во однос на „Републиката во пламенот на кретенизмот!“

Во однос на неверојатната љубов на Македонецот кон Цреша:

Црешово име, црешово топче, црешово гропче!

Не можете да го браните името, а да не ја згазите државата!

Како скапи очила за читање.

О, кретенчуги!

Бинго за Македонија

Ако е груевизмот највисок стадиум на вмровизмот и ако е вмровизмот најсуштествена форма на антимакедонизмот, тогаш името е светиот грал на нивната злосторничка мисија, последното нешто што би го дале, зашто, ако го дадат името, ќе се дадат себеси, името е нивниот идентитет и супстанца, нивната слобода, јаже на кое ја држат Македонија како балон, како главен елемент во кругот на своите играчки. Гледано од нивна страна. Гледано од наша страна, името е последното упориште на внатрешниот непријател на Македонија, утврда пред разумот, нормалноста и модерноста. Против постоењето на државата. Тоа значи дека битката не е за името, туку за Македонија. Битката не е политичка, таа е битка меѓу лудоста и нормалноста меѓу пристојноста и некултурата, меѓу животот и смртта.

Името е бодежот со кој торерото на глупоста сака да го убие македонскиот бик, да му ги отсече ушите и да ѝ ги фрли на дамата што ја викаат Историја. Името е инструмент со кој вмронскиот хирург сака да му го оперира слепото црево на Македонецот, така што ќе му ги отсече двете нозе и левата рака. Одбраната на името под раководство на другарот Мицко е како трка во формула еден во која нашиот болид го вози свиња. Ербас со стоен трап од Пандов и Никовски, брошура за привлекување туристи со Кара Ками Шева на насловната страница.

И така натаму.

Сакам да кажам дека сите избори на противниците на Договорот со Грција се погрешни и крајно опасни: безвезниот повод за двобојот, спремноста да се излезе на тој безвезен двобој со целиот свет, изборот на оружјето со кое сме најслаби, смрдливиот, патетичен, плачипичест, дефанзивен, самоубиствен национализам, изборот на најслабите играчи, најглупавите, најнеталентираните борци, на стоката која треба да се бори во наше име со светската елита, на чафките што ќе ни ги летаат ловците и стратегиските бомбардери, на гумените ќулафки што ќе ни ги возат атомските подморници, на лудаците што ќе ни ги водат психијатриските клиники. И академии. Како да излегуваме да играме со Бразил со пет члена на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, без голман, со капитенот Мицкоски со протези на двете нозе и десната рака. И со отворен череп за да може мозокот да му дојде до израз.

Па, колку треба да е луда оваа нација за да дозволи да ја уфилмуваат во вакви одвратности. Особено ако е повеќе од јасно дека контекстот во кој се става комплетната национална кауза на коцка, е велепредавствениот, непоимлив криминал на тие што го повикуваат народот да пропадне во одбраната на името за да се спасат тие. Уште поособено, ако сè се стави наспроти повеќе од фер понудата од Договорот со Грција, проследена со највисоки меѓународни гаранции.

Со историското бинго за Македонија.

Всушност, јас би требало да навивам за неуспех на референдумот. Со таков резултат ќе се ослободам од Македонија, ќе ја симнам од таквото, ќе ја турнам во гробната дупка, без сандак, небањата и неопеана, па ќе пуштам оглас за нова држава. Не знам, навистина не знам, кој ми е курац, на стари години да се борам за таа ороспија, но ете, на нејзината страна сум, таа го знае тоа, ми намигнува и ми вели, не се секирај, стари, ќе ти вратам за сета мака што си ја тргал со мене сиве овие години, ќе победиме, добро, ѝ велам јас, многу си слатка, но не се обидувај да ми враќаш ништо зашто тамам ќе те спасиме, ќе треба те банкротирам.

Две важни работи

Во неделава што изминува се случија две многу важни работи, кои се важни самите по себе, но се важни и во контекстот на референдумот. Јас ги доживувам како нови тегови на страната на победничката опција „ЈЕС“.

Прво, тоа е пресудата од вкупно осумдесет години затвор за насилниците што се обидоа да го убијат Села. Таа пресуда е сатисфакција за жртвата и тоа на примарно ниво е најважно, но многу е значајна пораката што вели дека од вчера наваму, во Македонија ќе биде тешко да се обезбедат кретени дури и за влез во кафеана, а не пак за влез во Собранието, тоа е порака дека Хорхе, Мицкоски и другите пучисти, се оставени сами, без играчи-напаѓачи, без вмронските будали кои во таа пресуда го добија букварот за описменување и упристојување. Во однос на референдумот, пресудата е крајно сериозна дисквалификација на целата таа криминална вмровска кауза во секој поглед, па и во поглед на името. Тоа е јасно, не!?

Второ, парите што обвинетите во случајот со изградбата на мостот „Око“ ги вратија во буџетот во обид да издејствуваат помалку лоша позиција во правниот процес, е досега најеклатантно признание на криминалот на злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ како неприкосновена власт.

Сигурен сум дека тој момент ќе биде нова иницијалност за пошироко и подлабоко расплетување на злосторничкото плетиво. Работите, можеби, се одвиваат бавно, но во таа бавност и на најнеупатените им е овозможено да го забележат грандиозниот систем кој ќе му ја ебе мајката на вмровското зло и сите злосторници ќе ги однесе в затвор. Дури сум оптимист дека и добар дел од пљачката може да се врати. Еве, за почеток нека се види колку очила за сонце има во становите на македонскиот Наџиб Разак. Дали се сите „мајбаси“ или има и „картиеи“. Хахаха!

Па нели е малку гротескно со такви бандити да се маршира во одбрана на името? Во одбрана на што било. Ма, дај не ме заебавајте!

П.С.

Македонците што веруваат во историското ВМРО, се однесуваат како Албанци што веруваат дека УЧК била формирана во Белград под патронат на Милошевиќ и Шешељ и дека била финансирана од Александар Вучиќ со идеја Косово да стане независна држава и нација!

Хахахаха, ма буахахаха, ма шљаккклллл прдддффклљмнњопрстуфхцчџш…!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...