Центарот за странци во Гази Баба ќе биде заменет со нов за кој МВР преку ИПА фондовите доби средства за изградба што ќе ги исполнува условите, истакна денеска на прес-конференција директорот на БЈБ Лазе Валковски.
– Прифатниот центарот во Гази Баба е во страшно руинирана состојба и не ги исполнува ни минимум условите за кои е наменет, рече Велковски
Тој уште еднаш потврди дека стариот центар во Гази Баба нема да постои откако ќе биде изграден новиот и нагласи дека тоа значи дека не е дополнителен Центар, туку замена на стариот кој нема услови.