Тинејџер прободен со нож на „Рекорд“
loading...
Шеснаесетгодишно момче било прободено со нож на автобуската постојка „Рекорд“ во центарот на Скопје, денеска околу 12.40 часот.
МВР соопшти дека првин тинејџерот бил нападнат од двајца, а потоа бил прободен со нож во пределот на стомакот.
Со возило на Итна медицинска помош момчето е префрлено во ГОБ „Св.Наум Охридски“.