Република Северна Македонија не доби датум за преговори со ЕУ. Доби виртуелен датум. Виртуелниот датум е едвај изведен од еден мудар политичар кој е професионалец во Creative Writing, односно перфекционист во спојувањето и сложувањето на Лего зборовите. Самиот усвоен документ е сурово циничен. За така Tiny-Mini State како што е Република Северна Македонија, 25 министри за надворешни работи на ЕУ дискутираа 10 часа. И се согласија за виртуелниот датум за почеток на преговори, но притоа поставувајќи високи бариери што треба да се направи во наредните 8-10 месеци. Бариери за секој случај, ако Лего коцките премногу се измешаат.
Некои работи полесно и покусо се кажуваат на англиски. Помалку зборови се трошат: Potentialy, two EU member states have compromised the future of the Agreement between Republic of Greece and Republic of Northern Macedonia. With simple stubborn word “ Њиет”, during 10 hours disscusion. Cynically , isn’t it? Indirectly, they have compromised NATO enlargment also. No one can quarantee positive outcome of incoming Referendum.
Големиот број на наши подржувачи во ЕУ ја препознаа суравата циничност на усвоениот Документ. Како добри познавачи, знаат дека не добивањето реален датум може да предизвика ментална депресија кај младата western culture популација која е македонскиот капитал на европските вредности. Затоа и го промовираа скринингот како пресуден за датумот на преговори. И направија фестивал од обична техничка фаза која обично следува по добивање датум за преговори. Ослободените интелектуално олабавени медиуми тоа го разбраа дека на 17 јули почнува скринингот како celebrity festival за подготовка на отворање на првото поглавје.
Виртуелниот датум ве упатува на две сценарија, оптимистичко и песимистичко. Оптимистичкото сценарио е отворање на првото поглавје втората половина на 2019 или во некој период на 2020 година. Песимистичкото сценарио мислам дека делува страшно и е simply high risk forcast. Ова сценарио зависи најмногу од самите нас, но не помалку и од поставеноста на Лего коцките во идниот европски парламент. На Лего коцките на ЕУ, Северна Македонија не може да влијае. Направи се што можеше.
Ниту една влада во минатото, ниту пак, било која влада во иднина ќе направи подобро компромисно решение за спорот со Република Грција. Но мора да си ја превземе тежината на одговорноста за внатрешните ризици,ако не сака да и се случи песимистичкото сценарио. Можеби „олабавените” медиуми нема да се сложат со мене, но Северна Македонија влегува во фаза на екстремно две први ризични точки. И ниту една од нив не е скрининг „фестивалот” со кој се занимаваат деновиве. Првиот ризичен момент е утрешното повторно верифицирање на Договорот во Собранието. Кое веројатно ќе заврши со позитивна одлука со просто мнозинство,наместо со најмалку двотретинско мнозинство и ќе испрати јасна порака дека Референдум не е потребен за обична корекција на уставот.
Договор
Со договорот Република Македонија не го менува своето уставно име. Само го корегира согласно географската позиција на Државата Македонија во регионот наречен Македонија. Нормално, тоа бара корекција на уставот, а не промена на уставот. Се останато, идентитет, јазик….си останува исто. Тука нема никакви потези на капитулација. За почит е напорот кој е направен за вакво достоинствено решение.
Референдум
Мојот конзистентен став од почетокот е дека референдум не е потребан за корекција на уставот и уставното име. Референдум да, доколку Република Македонија суштински го менува своето уставно име во Централно Балканска Република. Да, тогаш сигурно е потребен референдум со сигурен No Pasaran резултат.
Blackout
Не можам да го раберам ДПМНЕ и нивниот ригиден став околу „капитулантскиот” Договор. Се работи за државен интерес и иднина на државата. По утрешното гласање со едвај 62 пратеника „за” нема веќе назад, референдум ќе има со сите последици од резултатот.
Во овие година и пол, бев добар сугестивен прогнозер за името на аеродомот,автопатот и корекција на уставното име и уставот. Стратегијата на ДПМНЕ како да се дојде до техничка влада и предвремени избори преку неуспешен референдум може да биде погубна за нивниот опстанок. Секоја проекција што потоа, е со висок ризик. Но,мислам дека за нова заебантска техничка влада која ќе организира нови избори нема да има услови. Многу поизвесна е идејата за пржинско транзициска влада со независен премиер, со право на избор на свои пет клучни министри, советодавно меѓународно тело….Транзициска влада која „темелно” ќе подготвува терен за нови избори во наредните две години. Извесно е дека ДПМНЕ ќе го доживее својот Blackout. Утре е нов и долг ден. Има време да се размисли. Седницата на собранието може и да се одложи. Со мудра и промислена одлука можеби може да се постигнат и повеќе од дветретини “за” во парламентот. Референдумот ќе биде непотребен. Инаку….