Актуелната носителка на трофејот од „Вимблдон“, Гарбине Мугуруса го заврши своето учество во вториот круг, откако беше поразена од Белгијката Алисон Ван Витванк по 7:5, 2:6, 1:6.
Шпанката е уште една носителка кој го заврши рано својот настап. Пред Мугуруса, која беше трета носителка на турнирот во Лондон, багажот го спакуваа бр.2, 4 и 5 – Каролина Вознјацки, Слоун Стивенс и Елина Свитолина.
Од топ 5 во светот на терените на „Ол Ингланд клуб“ остана само Романката Симона Халеп, која е водачка во ранг листата и нејзиниот пат кон трофејот изгледа чист.
Во следниот круг, Ван Витванк ќе игра со Естонката Анет Контавеит, која е 27-ма во светот.
Другиот подоцнежен натпревар од вчерашниот ден кај мажите помеѓу Александар Зверев и Тејлор Фриц беше прекинат при резултат 4:6, 7:5, 7:6 (0) во корист на Американецот.