Центарот за социјални работи Куманово и општинската организација на Црвениот Крст Куманово ги повикаа граѓаните да пријават бездомни лица на бесплатниот телефонски број 15505, за да можат тимовите да им понудат сместување поради есктремно ниските температури што го зафатија регионот.
Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што беа отворени минатата есен во Струга, Битола и Струмица.
Во апелот се вклучува и локалната самоуправа, врз основа на заклучокот на 56-та седница на Владата на Р. Македонија поради состојбите со снежното невреме во кој сите чинителни треба да ги координираат активностите за заштита на најранливите категории граѓани.
На подрачјето на Куманово има само две бездолмни лица кои се сместени во Чичино Село.