Во Албанија регистрирани 300 земјотреси

856

Албанското тло и понатаму се тресе од вчера во 11:02 часот кога беше регистриран најсилниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала до попладнево регистрирани се повеќе од 300 земјотреси со различна јачина.

– Регистрирани се над 300 земјотреси. Тие се со послаба магнитуда и пополека се редуцираат. Неослободената енергија ќе продолжи да се ослободува. Поаѓајќи од типологијата на овој земјотрес, мислам дека нема да има други земјотреси со висок интензитет. Дури и ако има потреси, мислам дека тие ќе бидат со помал интензитет – изјави Рапо Ормени од Институтот за сеизмологија во Тирана.

Според него, најсилниот земјотрес денеска бил регистриран во 13:03 часот, со јачина од 3,5 степени според Рихтер, со епицентар на околу 12 километри од гратчето Вора кај Тирана.

Надлежните општински комисии најавено е дека ќе почнат со својата работа на терен за проценка на материјалната штета на објекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...