Неколку крави мирно си пасат во дворот во психијатриската болница во Брадовци. Ова е снимено денеска меѓу петтата машка барака и судското одделение од читател кој бил во посета во болницата.
Тамошните пациенти зборувале дека наводно болницата наплаќала за услугата – пасење крави, зашто имала огромен двор со зелена површина.
Дали е ова луда измислица или луда работа, се надеваме ќе одговори наскоро Министерството за здравство.