Шарени тротоари во Карпош

323

Во рамките на летниот музичко-интерактивен камп во „Пиколини“ се одржа средба за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Општина Карпош и „Пиколини“ во насока на изведба на краткорочниот проект “Шарени тротоари во Карпош”.

Шарените бои на пешачката патека во близина на ОУ „Петар Поп Арсов“ за миг го украде вниманието на минувачите на улица „Волгоградска“. Ги разиграа децата, родителите и минувачите кои уживаа во неколкучасовното разубавување на монотоните, сиви тротоари пред вратите на Интернационалната градинка „Пиколини“ која се наоѓа во Општина Карпош. Присутните на настанот имаа можност да создадат свое дело кое секојдневно ќе остава насмевка и ќе ги освести сите оние кои несвесно ја уништуваат пешачката површина.

Примерот на соработката помеѓу Општина Карпош и Пиколини ќе бидее поттик за реализација на ваков тип на проекти кои ќе останат забележани во Општината во која има најмногу образовни објекти. Идејата на менаџментот на Пикоини ни даде причина да поддржуваме вакви интерактивни идеи кои пред се ќе бидат наменети за најмладите. – изјавија претставниците од Општина Карпош.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...