Нов проект на Цивил: Патриотизам – ДА, национализам – НЕ!

122

Центарот за слобода ЦИВИЛ го спроведува проектот „Патриотизам – ДА, национализам – НЕ!“, со цел придонесе кон зајакнување на соживотот, подобрување на односите со соседите и кон забрзување на евро-атлантските интегративни процеси на Македонија.

Како што соопшти Цивил, клучно прашање со кое ќе се занимава проектот е фактот дека национализмот има уништувачки ефект врз интегративните процеси и врз целата земја воопшто. Проектот, наведува Центарот, се спроведува во извонредно важен и деликатен момент за земјата, со оглед на фактот дека во тек е засилен процес на решавање на спорот со името, како и крупни чекори во поглед на ЕУ и НАТО интеграциите.

Целта на проектот е да се објасни разликата меѓу патриотизмот и национализмот и да се прикажат придобивките и последиците од национализмот, со што ќе се придонесе кон зајакнување на соживотот, подобрување на односите со соседите и кон забрзување на евро-атлантските инегративни процеси на Македонија.

Со овој проект, во кој ќе има 120 содржини и активности за само 11 недели колку што трае иницијалната фаза, ЦИВИЛ јасно ќе ја прикажат разликата меѓу патриотизмот и национализмот. Едниот ѝ помага на земјата, а другиот влијае деструктивно. Граѓаните ќе добијат уникатна можност да проследат и да бидат дел од еден јавен дијалог, ќе се едуцираат и ќе им се даде можност да придонесат кон надминување на последиците од национализмот.

Тимовите на ЦИВИЛ ќе ги постават прашањата: „Што е патриотизам, а што национализам? Кои се придобивките од едниот, а последиците од другиот? Што можат граѓанките и граѓаните, а што институциите и другите структури на моќта во земјата да направат, за да се надминат последиците од деструктивното влијание на национализмот?“

Одговорите ќе се бараат преку анкети, колумни и интервјуа, а ќе се подготват анализи и препораки кои организацијата ќе ги соопшти на средби со медиумите и граѓанките и граѓаните, како и со институциите на локално и национално ниво.

Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...