Јавноста ќе го слушне сведочењето на загрозениот сведок во „Монструм“ на 11 јули

328

Рочиштето за „Монструм“ кое денеска беше закажано во Кривичниот суд се одложи поради технички причини за 11 јули и сведочењето на загрозениот сведок, со псевдоним Е1, најверојатно тогаш ќе го слушне и јавноста.

Според судијата сведочењето ќе може да го слушне и јавноста, бидејќи на тоа инсистираат и обвинителите од СЈО и адвокатите на обвинетите, иако првичниот став на судот беше дека то ќе се случува зад затворени врати. Доколку судијата остане на дадениот збор, ова ќе биде прв пат јавност да слушне сведочење на загрозен сведок.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, по што судењето почна од почеток, под палката на СЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...