ВМРО – ДПМНЕ со кривични пријави против Договорот со Грција и Законот за јазици

192

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два комплета од кривични пријави на креаторите и потписниците на Законот за употребата на јазиците и на Договорот со Грција за промена на името на Република Македонија.

Ова го најави Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ТВ Алфа.

ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати соопшти дека според нив Законот за употребата на јазиците и договорот за промена на името се неуставни. Според Николовски, овие дела не застаруваат, тој смета дека ова судство и обвинителство нема да одговори на нивните пријави, но делата не застаруваат и некогаш, некое независно правосудство ќе мора да ги извади од фиока овие пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...