Од денеска на патарините на автопатот Скопје-Велес е воведено плаќање со специјална картичка која ќе се надополнува. Картичките ќе може да се набавуваат на бензинските пумпи.
Додека се разрешат сите правни процедури што се очекува некаде во почетокот на август, на патарините ќе се плаќа и со пари.
Наскоро се очекува сите патарини од Табановце до Богородица, во рамки на Коридорот 10 да функционираат на овој начин.