ТОП ФБ КОМЕНТАРИ Прием за сите сегашни и идни обвинети

4126

Фејсбук статуси на Јове Кекеновски, Сеир, Странски служби, Миодраг Мишолиќ, Јане Ѓорѓиоски, Јорданка Ивановска Јоци, Катарина Синадиновска и Александар Дојранлиев.

Јове Кекеновски:

На Бејли му успеа на исто место и во исто време да ги собере сите сегашни, бивши и идни осомничени, обвинети и осудени партиски функционери. Едни раскезени до уши, а други замислени. Важно сите срекни што се на „баци“ рака,

Сеир:

Прогнозери.

Странски служби

Миодраг Мишолиќ:

Грујо беше на власт долго (катастрофално предолго), додека Заев е нешто повеќе од една година, што и не е така кратко, за да нема простор за анализа. Од ова искуство со двајцата, мој впечаток е дека ТИЕ (власта) се едни, а НИЕ (обичните луѓе) сме други. Секогаш.

На крај памет не ми паѓа, на било кој начин да ги поистоветувам претходниот Режим и сегашната Влада. Тука има огромна разлика, меѓутоа евидентно е оти секоја власт во Македонија гради некаков ѕид околу себе и не успева да се поврзе со народот.

Потполно разбирам дека тие не може да го слушаат или барем сослушаат секој од нас, кој се смета себеси за „паметен“, но нашиве власти не слушаат никого освен себе и тој што им го кажува она што сакаат да го слушнат. Во тоа нема голема разлика меѓу едните и другите.

Она што ме чуди е како не сфаќаат оти токму во ова лежи семето на нивното идно паѓање. Колку и да изгледаат стабилно и моќно во еден момент (се сеќавате на Грујо пред четири-пет години?), на крајот – секој паѓа. Работата е како ќе падне: славно или неславно. А најсигурен начин да паднеш неславно е да слушаш погрешни луѓе.

Јане Ѓорѓиоски:

Разликата помеѓу видео пораката од режисерот Дарко Митревски од ЈуЕсЕј и на оној брадестиот Диоген со фенерот на глава од Аустралија, е…? Нема разлика. И двајцата си имаат фамилија и деца во новите Татковини и од Мелбурн и Л.А. ни порачуваат името да не го даваме.

Диоген од Аустрелија бар се потрудил со фенерот на глава да е креативен во настапот и сценографијата, овој пак режисеров извикан, во видеото, е тешка патетика, без трунка креативност, башка што има одбрано сосема погрешна приказна. Има и катастрофално промаршен избор на околина од која се обраќа, а која со својот раскош (палми, вело патека…) не само што нема ефект, туку и иритира.

Даре, очајно слабо.

Јорданка Ивановска Јоци:

Откако восхитено најави дека ќе гради тунел под Кале, зиплајн, некојси мост во Аеродром, вечерва Петре обелодени дека има намера да произведува струја од фекалии. Од Вардар,ако добро го разбрав.

Снемувам концентрација за неговиве волшебни, прекрасни проекти за по контактни емисии.

Туку, веќе сме 4 јули, а уште го чекаме човеков да го испрска градов против комарци бар еднаш од вкупно пет задолжителни дезинсекции.

Ќе произведувал струја од фекалии

Ај, у реду е.

Катарина Синадиновска:

Нема поголема навреда за сите борци за правата на албанските сограѓани (ама и за сите нас како граѓани воопшто) од фактот што партијата која петнаесет години ги застапува на политичката сцена, Рамковниот договор и сите негови „производи“ ги сведе на најпримитивна и безобразна злоупотреба на народни пари.

Вицепремиерот не одел на работа, оти е скаран со партискиот шеф. Каква пародија!

Ние, додуша, памтиме дека во таа партија кавгите меѓу крилата и неистомислениците се решаваа и со други алатки, така што овој пасив-агресив третман кон Ахмети, од тој аспект гледано, е своевидна демократизација на ДУИ.

Парите да ги вратите, па колете се и кршете глава!!!!

Александар Дојранлиев:

Привремен бројчаник на вратени пари во буџет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...