Што ако референдумот не успее?

Мицкоски или некој друг (поизвесно е дека би имало некаква техничка влада), би морало да преговара со Грција, да ги исполни барањата за реформи, борба против корупцијата, пресуди за случаите на висока корупција - би ја имал улогата на Јадранка Косор.

2470

Референдум. Што би се случило кога тој би бил неуспешен.

Би следувала оставка на Владата. Па евентуален избор на техничка влада која би распишала избори, па потоа би следувале избори. Сето ова нема оди лесно и агонијата до распишувањето на изборите и до одржувањето на изборите би траела најмлаку 7-8 месеци. Нормално, сѐ ќе биде блокирано.

Според сите анкети, ДПМНЕ не може да победи на избори. Но, и доколку би се случило тоа, со кого ДПМНЕ би правела коалиција? Ниту една партија на Албанците не би направила коалција – додуша, едно крило на ДУИ би го сакале тоа, ама тогаш, ДУИ ќе се распадне.

Остануваат Левица, Бачев, Солза, ама тешко дека тие заедно би имале бројка на пратеници за составување влада. Агонијата ќе продолжи.

Грција веднаш ќе се откаже од договорот. Најверојатно и таму би следувале избори, на кои е сѐ поизвесно дека ќе победи Мицотакис. Кој постојано повторува дека договорот е предавнички, затоа што со него се признаваат македонски народ и македонски јазик.

Следуваат избори во ЕУ, следуваат и избори во САД, на кои доколку демократите ги освојат двата дома, би побарале импичмент за Трамп. САД и ЕУ ќе бидат преокупирани со себе, иако Мајкл Пенс би ја задржал истата политика кон Македонија.

Македонија ќе остане изолирана, а ќе ги добие истите услови и барања, дури и полоши, со оглед на ставовите на Мицотакис.

Мицкоски или некој друг (поизвесно е дека би имало некаква техничка влада), би морало да преговара со Грција, да ги исполни барањата за реформи, борба против корупцијата, пресуди за случаите на висока корупција – би ја имал улогата на Јадранка Косор.

Едноставно, Македонија ќе биде изолирана со нестабилна власт. Исселувањата ќе добијат епидемиолошки размери. Во таква состојба ќе се урне кредитниот рејтинг на државата, ќе биде проблем и исплатата на плати за администрацијата.

А од оној дел од т.н. патриотска дијаспора, нема да добиеме ниту денар…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...