По „новото воведение“, вемерето, од куплерај се преименува во книжара со специјални потреби. По истото „свето“ воведение, пеено и аминувано од одбрани поповите – перверзњаци, СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ биле исти, само што овој Зоки ветува, а не дава, а Кико и ветува и дава. Власт да ти била власт и надеж за подобро немало, освен ако вемерето сe вратело на власт, со божја промисла. Кога ќе се вратело на власт, „ќе ни дадело“ на сите и тоа со гордост и достоинство, ќе ни „правело“ најнеописиви слатки работи – во потполн мир, во изолирана држава, а ние ќе се радуваме, ќе „свршуваме работа“ и потоа ќе слушаме приказни колку сме добри, издржливи, набрекнати и дека „работата“ оди без кондом, оти проститутката е чиста, а гените се исти. Имало „режија“ и за девојките, но тоа го чуваат во тајност, за да бидат изненадени – пред чинот на светото откровение на алатката – од под мантија.
Радуј се Македонцки народе, „ќе ќариш“!
Слаѓана на Ангела: „Во ваше време“
Ангела со љубовта беше сосема просечна. Еве, има 19 години, а фати трет дечко. Првиот таа го остави, оти гледаше во филм дека свршувањето не било измислено во Холивуд, за да им течат лиги на жените и дека „тоа“ трае повеќе од 30 секунди. Вториот нејзе ја остави оти не сакала да прави „сѐ“. Сега, со третиот, кој е од странство – ќе види како ќе биде. Попатно, реши да прави скоро „сѐ“, за да оди работата.
Слаѓана рано ги откри „радостите на меѓуножјето“, па, од својата 14 – та до својата 15 – та, ги „помина“ сите достапни дечковци, најпрво во своето село, па соседните. Тогаш сфати дека може и да заработи и да ужива – во исто време. Сега вози скап џип, има два – три стана, бизнис со книжара, во која нема книги… Сепак и сега, главниот приход ѝ е од меѓуножјето.
Кога Слаѓана ја сретна Ангела ѝ се развика: „Курво една, исав немаш со љубовниците“. Кутра Ангела, поим немаше за што оваа говори, а никој не ѝ застана во одбрана, оти „не е лесно со Слаѓана“.
Во вемереовска редакција, истото се нарекува „ами во ваше време“ (со и без прашалник). Но, тоа е застарено. Сега има нова стратегија: Не е битна проституцијата, името е важно. Реафирмирањето на народната „да бидат први в’село“ е најбитното, не разбирајќи дека, во вемереовскиот куплерај – книжара, тие се проститутките. Ем употребени, ем прочитани.
Колку има од планетата Земја до Алфа Кентаур
Не знам, но веројатно колку од СДСМ до ВМРО – ДПМНЕ. Така стои со „растојанието“ на партија и банда. Така стои со „ќарењето“. Но, ова не е приказна за Ангела и Слаѓана, кои не се ниту во ист филм. Едната е скромна студентка, која не се снаоѓа нешто посебно, другата е окоравена проститутка – бизнисмен, со развиени способности за пропаганда и вечен мотив да лаже. Сепак, колку да е перверзна оваа наша Македонија, дали посеверна, позападна или поисточна (пу, пу – да си плукнам в’пазуви) не можеш да бидеш и проститутка и светица – во исто време. Баталете приказната за трите Марии, ова не е Библија, ниту темниот вилает на Петров. Не повеќе.
Да поминеа 20 години, или барем 5 – 6, ајде и некако. Само една година помина од „оргијата“ на 27-ми? Од вас е СДСМ далеку илјадници светлосни години, иако и тие се трудат да заличат на вас, во својата партиска забеганост и извесната надеж дека „ќе ќарат“, односно, „че чарат“. За нив ништо не е докажано, скоро да нема ниту индиции за посериозен криминал. Тие сѐ уште ја имаат дилемата на Ангела „дали треба да…“.
Тие имаат (сѐ уште) страв од Заев и Рада и најмногу што им текнува се ситните криминали со вработувањата, тефтерчиња, тонери, печатења и понекој (скоро) законски дил за јавни набавки. Некои и ги фатија за толку тривијални работи, што „во ваше време“, лично Груевски би излегол да го исмее таквиот обид… Далеку се тие од вашите тефтерчиња, проекти, „Миле, да не е многу“ и „лудаците на Ставревски“.
Црните дупки и ВМРО – ДПМНЕ
Вемерето е далеку од сѐ нормално, позитивно и напредно. Далеку како Земја и Алфа Кентаур. Нема тука ниту физика, ниту астрономија, туку само чиста логика, која функционира несомнено, освен ако не си натртен вемереовец пред постерите на Гоцета и Ќосето или занесен футуриста, кој смислува каде би биле црните дупки, за скратување на патувањето. Ако не сте патриоти, барем чувајте си ја партијата, оти и на Македонија ѝ треба, но, додека ѝ треба. Таа „наша понуда“ не е безвремена, не можеме вечно да ве чекаме да го одделите како лот од житото. Нека ви биде поука како есдеесовците се одделија од вемерето и си се вратија во матичната партија, после печалбата во вемерето. Искористете ја понудата, попаметно е.
Ако е одговорот „да“, што би ме изненадило, мора да сфатат: „Црните дупки“ се во нивната партија – куплерај. Низ нив сѐ патуваше до најдлабоките криминали, до најзабеганите конструкции на болните загоренковци – клиенти на Слаѓана и најнизок вид комплексаши, кои вемерето ги собра од сите галаксии на забеганоста на македонска неукост. Не дека тие ги измислија, но паднаа на таквата ефтина финта. Револуцијата прво сѝ ги јаде сопствените деца, нели „стари“ вемереовци?
Сега тие црни дупки водат директно во затвор. Бидете паметни и не го попречувајте тоа „патување“. Тоа на Мицковски совршено му одговара. На партијата ВМРО – ДПМНЕ, не само што ѝ одговара, туку е единствениот предуслов за таа да опстане: Без Грујо и неговите проститутки.
Оставете пропагандата, Заев може да падне само на реформите
Оставете тоа пропагандата, многу ви е демоде, а и не поминува повеќе. Џабе ви се сељачките финти, процедени од скапиот мерцедес или од „вселенскиот брод – потемкиновото село“ – ги знаеме, ги видовме, ги чувме. Вемерето е јавна куќа, отворена како книжара, во која читателите – клиенти жалат за оргиите на макрото Груевски, Ставревски, Сашко, Миле…. Во оваа книжарава на газда Никола, „мадам“ е Мицкоски, „доминаторката“ е Хорхе, специјалисти за „длабоко грло“ сѐ неколкуте пратеници – раскокодакани по телевизиите, задолжени за „позадински работи“ се нивните новинари и аналитичари, кои своето име го влечат од зборот „анално“. Науката за „продавање на телото“ ја водат антиквизатори – голтари, губитници на привремена работа во вемерето. Одат по дебати и на Ангела ѝ се дерат дека е курва.
Тоа е целата прочитана приказна на вемерето, ниту повеќе, ниту помалку. Дали е причината за хистерично дерење името, презимето, албанскиот јазик, економијата, договорот со Бугарија – небитно е. После нив треба да ги дезинфицираат микрофоните и столиците, а чашите за вода да ги фрлат, држејќи ги со пинцети. Вемерето е заразена книжара – куплерај. Вемереовците сѐ и проститутките и клиентите на фамилијата, кои ги држат на хероин, а на ѕидот го гледаат постерот на Гоце Делчев, додека клечат напрчени за следниот клиент. Оставете хероинот, спасувајте ја партијата.
Или уште подобро, мониторајте ги реформите. Само тука може да го турнете Заева. Оставете тоа глупите финти: „Вицето“, „збогатувањето на Анѓушев“, „велепредавство“, „крв на нашите дедовци“… Смешно е. Токму тука немате ниту еден аргумент, освен „производите од малиот мозок“ на Слаѓана, која час се вика Тања, час Биљана, час Владимир. Слаѓана не говори за добро, туку да си го покрие срамот и да ве заведе. Таа сака да ѝ гледате во „црната дупка“, додека ви говори, да се попалите и да го исклучите мозокот. Црната дупка е и желбата за власт, за пари, моќта да малтретирате, да одредувате човечки судбини, да понижувате…
Слаѓана не е космонаут на патување до Алфа Кентаур
Слаѓана е проститутка, не космонаут, ниту реформатор. Ние одиме за ЕУ и НАТО, не до Алфа Кентаур. Не ни требаат сите ѕвезди, туку само европските. Може ли (барем) за тоа да се согласиме? И да има црни дупки, не ни требаат, ниту сите други „летечки машини“ и „приземни принуди“ на Груевски, кој веќе се замислува како Леонардо. Ова – колку да бидеме рационални. Сето друго се приказни за мали деца и секс во мозокот.
Реформи? Да, реформите ѝ требаат на државичкава, но за таа намена ВМРО мора да престане да го спрема бродот за Алфа Кентаур, а СДСМ мора да внимава Слаѓана да не влезе во некој совет за реформи, оти била многу „стручна“.
Имено, таа веќе има неколку докторати, меѓународни признанија и неограничена доверба во своето меѓуножје. Не без причина.