Во ЕУ брак ќе може само над 18 години

Со Резолуцијата се настојува правилата да важат и за „сите државјани на трети земји, кои живеат во ЕУ, вклучувајќи ги и мигрантите, кои би стапиле во брак и пред 18-годишна возраст“ во нивните матични земји.

153

Европските пратеници денеска побараа во ЕУ да бидат забранети бракови со малолетници и присилните бракови.

Со 556 гласови „за“ и 63 „против“, Европскиот парламент усвои резолуција на пленарната сесија во Стразбур, повикувајќи ги сите земји-членки да ги изедначат своите правила по ова прашање.

Во резолуцијата, која не е правно обврзувачка, ЕП „ги повикува законодавците, како во земјите членки на Европската унија, така и во трети земји, да определат 18 години како минимална возраст за брак“.

Со Резолуцијата се настојува правилата да важат и за „сите државјани на трети земји, кои живеат во ЕУ, вклучувајќи ги и мигрантите, кои би стапиле во брак и пред 18-годишна возраст“ во нивните матични земји.

Данска, Германија, Холандија, Шведска и неколку други членки на ЕУ, во моментов дозволуваат склучување брак на малолетни лица на возраст од над 16 години со согласност на родителите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...